Доставата на нарачките над 12.000 денари се бесплатни исклучиво за Скопје, доколку доставите за нарачки над 40.000 денари низ цела територија на Р.С. Македонија се бесплатни; освен продажбите во OUTLET категоријата, во тој случај испораката ќе биде на терет на купувачот. Доколку вашата нарачка е помалку од 40.000 денари автоматскиот пресметувач на www.kchome.mk ви пресметува трошок за транспорт.
Преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување на валиден документ за лична идентификација.
Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. Точен телефонски број е задолжителен податок при правење нарачка.
Доколку нарачката е направена по 16 часот (од понеделник до петок), истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака.
Доколку нарачката е направена во Сабота, Недела или во друг неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
Времето на испорака во Скопје изнесува од 3 до 5 работни дена од моментот на правењето на нарачката. Низ другите градови во Р. Северна Македонија времето на испорака изнесува од 5 до 10 работни дена од моментот на правењето на нарачката. Доколку нарачката е направена после 17 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од следниот работен ден. Доколку нарачката е направена во неработен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови.
KC HOME by Kaleceramica го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 7 дена од моментот на правењето на нарачката и над 7 дена само со договор со купувачот.
Доколку има доцнење на испораката KC HOME by Kaleceramica не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката. Во случај, кога купувачот не е дома и не е достапен за доставување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, KC HOME by Kaleceramica се ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во порачката. Во тој случај купувачот ќе ја подигне на свој трошок порачаниот производ.