Цените на сите производи на www.kchome.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. КC Home управувано од КС ГРОУП КОРП. ДОО Скопје (KC GROUP CORP. DOO Skopje) го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
За купување на производи преку www.kchome.mk важат редовните малопродажни цени. Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.
Попустите важат само ако додадете најмалку 3 (три) производи од 5 (пет) категории во кошничка или во понуда, во спротивно нарачката може да Ви биде откажена. Категориите се: Плочки, Сет мебел за бања, Батерии и тушеви, Санитарија и Туш Кабина. Додатните елементи како: лепак, фуга, хидроизолација, сифони, вертикали на сет мебел, вентили и слични артикли имаат една фиксна цена.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на КC Home управувано од КС ГРОУП КОРП. ДОО Скопје (KC GROUP CORP. DOO Skopje). Доколку купувачот одбере да користи ваучер од вредност најмалку од 1.000 мкд, во тој случај треба да одбере три производи и минималниот износ на нарачката треба да биде 6.000 ден.
Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, КC Home управувано од КС ГРОУП КОРП. ДОО Скопје (KC GROUP CORP. DOO Skopje) има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Банка.
