Preloader

Политика на приватност

1. Општо

Интернет-страната “www.kchome.mk” нуди онлајн услуга, управувана од KC GROUP CORP. ДООЕЛ Скопје, која се состои од информативни услуги, содржини и трансакциски способности овозможени од KC HOME преку чии страници се продаваат производи. Цените на сите производи од kchome.mk се во денари и вклучен ДДВ.

Секој купувач може но и не мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, како преглед на нарачаното.

Купувањето може да се оствари преку плаќање при испорака, плаќање со вирман како и со следните платежни картички: Visa Classic; Visa Electron; Master Card; Maestro; Diners Club International (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска Банка.

Со користење на овој сајт крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст. Правото на користење на овој сајт е лично на крајниот корисник и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Крајниот корисник е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на KC HOME. KC HOME не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на KC HOME, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран во било кое време. KC HOME има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот.

Со користењето на услугите на KC HOME, корисникот признава дека е полнолетен. Корисникот мора да има барем 18 години за да може да го користи сајтот за купување, а во спротивно одговорноста е на лицето што му овозможило пристап до податоците кои му се потребни на малолетното лице за онлајн купување. KC HOME не сноси никаква одговорност доколку купувањето го врши малолетно лице.

2. Измена на Условите на користење

KC HOME го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од овие Услови на користење како што смета дека е неопходно или пожелно. Доколку дојде до било какви промени, истите ќе стапат на сила откако претходно ќе бидат јавно објавени на оваа веб страна. Овие промени нема да важат за производи купени пред да биде направена јавната објава.

ЗАТОА препорачуваме корисникот да ги прочита овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на користење секој пат кога сака да направи ново купување со цел да биде информиран за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на корисникот на KC HOME ќе се смета дека претставува прифаќање од негова страна на тие измени.

3. Правила на купување 

Правилата на купување на KC HOME појаснуваат кои се условите на купување и начинот на испорака на купените производи.Купувањето поминува низ 3/три видливи фази, и тоа:

СЕ ПРОЦЕСИРА – што подразбира дека нарачката од страна на купувачот/нарачателот е извршена, но истата е во процес на одобрување и/или подготовка на потребна документација за испорака.

ОДОБРЕНА – нарачката е одобрена и се чека на доставувачот да ја подигне за пренос до нарачателот.

ОДБИЕНА – нарачката е одбиена, причината е испратена преку е-пошта до корисникот, а уплатените парични средства се враќаат на нарачателот.

4. Ограничување на одговорноста

Kрајниот корисник експлицитно се согласува дека користењето на овој сајт е под негова одговорност. Ниту KC HOME, неговите институции, ниту нивните службеници, трговци, провајдерите на содржина или даватели на лиценца или некој од нивните службеници, вработени, агенти или директори, не гарантираат дека користењето на сајтот ќе бидат безгрешни или без никаков прекин; ниту пак гарантираат за (I) резултатите, кои можат да се добијат од употреба на овој сајт, или било која микространа, или за (II) точноста, веродостојноста или содржината на било која информација, услуга или производ обезбедени преку овој сајт или на неговите микространи.Oвој сајт и неговите микространи се ставени на располагање на база “како што се” и “кога се достапни”. KC HOME се оградува од било каква одговорност и услови, изразени или наложени, вклучувајќи, но не и ограничени на, оние кој се предмет на прекршоци, тргување или прилагодени за одредена намена.

Во никој случај KC HOME нема да биде одговорен за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со оваа веб страна. Одговорноста на KC HOME во врска со производ купени од “www.kchome.mk” неможе да ги надмине сумите платени за тие производи, и вкупната одговорност која произлегува или е поврзана со оваа спогодба неможе да ја надмине сумата платена од крајниот корисник за време на шест месеци пред донесување на какво било побарување.

Под никакви околности KC HOME нема да биде одговорен за било каква загуба или оштетување на крајниот корисник предизвикано од негово потпирање врз информациите добиени преку KC HOME. Одговорност на крајниот корисник е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, коментар, мислење, совет, или друга содржина достапна преку KC HOME.

KC HOME содржи линкови до веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. KC HOME изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица. Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до некој веб сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Освен ако KC HOME експлицитно Ви дозволил да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови до други страни на KC HOME. KC HOME го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да ве извести.

KC HOME има право, но не и обврска да ја следи содржината на сајтот во било кое време. KC HOME има право, но не и обврска да го отстрани било кој материјал за кој KC HOME смета дека ги нарушува одредбите изнесени тука.

5. Надоместок на штети

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата KC GROUP CORP. ДООЕЛ, нејзините филијали, нивните одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања на штета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.

6. Трговска марка

KC HOME е заштитена трговска марка на KC GROUP CORP. ДООЕЛ. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на KC HOME се сопственост на нивните соодветни сопственици.

7. Опрема

KC HOME не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој сајт.

8. Разно

Секој корисник на оваа страна и онлајн купување, се смета дека ги прифаќа овие услови, а со што истиот има правна сила на двострано склучен договор.

Овој договор, и било кои оперативни правила за KC HOME поставени од KC HOME, го сочинуваат целосниот договор на страните. Насловите на заглавјата од овој договор се користат само за полесна ориентација, и во никој случај не влијаат на толкувањето на текстот што е во нив. Ако надлежниот суд ја смета за неважечка било која ставка од овој договор, тоа нема да влијае врз валидноста на било која друга одредба од овие Услови и останатите делови од овие Услови, ќе останат во сила. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овој договор, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, како и на било кои други права наведени овде.

Седиштето на KC HOME е во Скопје, Македонија. Правните спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на овој веб-сајт (освен ако со посебен договор е експлицитно наведено поинаку) се под јурисдикција на судот во Скопје, и се решаваат во согласнот со прописите на Република Македонија. Со користењето на оваа веб-страница крајниот корисник се согласува дека секој спор или побарувачката, што произлегува од, или е во врска со овие Услови или во врска со нивната имплементација, е во надлежност на судот во Скопје.

9. Политика на приватност и заштита на лични податоци

9.1 Општо

Оваа Политика на приватност појаснува како ние, Друштво за трговија и услуги KC GROUP CORP. ДООЕЛ Скопје, во својство на Контролор на лични податоци (во понатамошниот текст: KC HOME) ги обработуваме личните податоци кои доброволно се дадени од страна на корисниците на веб страната www.kchome.mk. Оваа Политика на приватност се однесува само за www.kchome.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни. Со користење на ова веб-страна, корисникот се согласува со условите на оваа Политика на приватност.

Доколку не се согласувате со оваа Политика, ве молиме да го прекинете пристапот до веб страната.

9.2 Значење на изразите

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетрски, ментален, еконосмки, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

Субјект за лични податоци е секое физичко лице на кое се однесуваат обработените податоци. Посетителите на веб сајтот www.kchome.mk се субјекти на лични податоци

Согласност на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;

Обработка на лични податоци  е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз личните податоци на автоматски или друг начин како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање или уништување;

Контролор на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. KC GROUP CORP. ДООЕЛ Скопје е контролор на лични податоци.

Обработувач на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

9.3 Назив и седиште на Контролорот

KC GROUP CORP ДООЕЛ

Адреса на седиште: Јадранска Магистрала 86, Инд.Зона Визбегово, 1010 Скопје – С. Македонија

Телефон за контакт:+389 23 136 666

Е-маил адреса: info@kchome.mk

Офицер за заштита на лични податоци

Ељмар ТАГИЕВ

e-mail: elmar.tagi@kchome.mk

Телефон за контакт: +389 70217313

Секој корисник на веб страната  може директно да исконтактира со офицерот за заштита на личните права за какви било прашања при остварување на сите права кои се однесуваат на заштитата на лични податоци.

9.4 Цели на обработка на лични податоци

Преку формата за онлајн купување на производи без регистрација ги обработуваме вашите лични податоци за цели на онлајн купување.

Преку формата ,,Кариера” ги обработуваме вашите лични податоци за целите на идни вработувања.

Преку формата ,,Замена на производи/докупување на производи/самопревземање” ги обработуваме вашите лични податоци за исполнување на законската обврска за докупување, самопревземање или замена на купен производ.

9.5 Категории на лични податоци, цели и правен основ на обработката на лични податоци

Нашата веб страна ги собира личните податоци врз основа на Ваша согласност, поради исполнување на договорни обврски и исполнување на законска обврска.

KC HOME користи хостинг во земја од Европска Унија (поточно Франција) и согласно чл.48 став 3 од Законот за заштита на лични податоци  ја известува Агенцијата за Заштита на Лични Податоци на РСМ.

Личните податоци ќе ги чуваме за периодот непоходен за исполнување на целите за кои се собрани, а потоа ќе бидат избришани. Овој период на чување на личните податоци е различен во зависност од целта заради која се собрани податоците. Вие имате право, во секое време да побарате од нас да ги избришеме податоците.

9.5.1 Онлајн купување на производи без регистрација

Ако одлучите да направите онлајн нарачка, без да се најавите или регистрирате на веб страната, потребно е да ги внесете следните податоци:

  • Име и презиме
  • Податоци за достава на нарачка (адреса, е-маил, телефонски број, поштенски код)

Овие податоци ги собираме за да ги исполниме нашите договорни обврски кон Вас како купувач на нашите производи, односно истите се потребни за реализација на направената онлајн нарачка,  достава на пратката како и за водење на сметководствената евиденција.

Личните податоци собрани за реализација и достава на направена онлајн нарачка, доколку не постои друга правна основа за понатамошна обработка на лични податоци, се чуваат во период од 1 година откако е направена нарачката.

Кога правите онлајн нарачка на производи со опција за плаќање со картичка, ги оставате податоците од платежната картичка. KC HOME не собира никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците поврзани со успешна реализација на плаќањето ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Тутунска Банка . Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштитa на податоците и сите процеси се одвивааат преку сигурна конекција со Банката.

9.5.2. Контакт со нас

За да може да исконтактирате со нас, потребно е да ги внесете следните податоци:

  • име и презиме
  • податоци за контакт (телефон, е-маил)

Овие податоци се обработуваат врз основа на нашиот легитимен интерес за давање на услуги поврзани со продажбата на производите (одговарање на прашања, барања, решавање на проблеми поврзани со купени производи), кој не се коси со Вашите интереси за заштита на податоците.

Вашите лични податоци доставени преку формуларот за контакт ќе се чуваат само привремено, се додека се релевантни за нашиот однос или најдолго 1 година од денот на пополнување на формуларот.

9.5.3 Вработување

Доколку сакате да станете дел од тимот на KC HOME, за да можеме да Ве исконтактираме, потребно е да ги внесете следните лични податоци:

  • име и презиме
  • податоци за контакт (телефон, е-маил)
  • CV

Доколку сте дале согласност Вашите податоци да се обработуваат во процесот на селекција на апликанти за вработување, истите ќе ги чуваме во рок од 1 година од Вашето аплицирање односно до завршување на целта за која се доставени, по што ќе бидат избришани.

Доколку KC HOME склучи договор за вработување со Вас како апликант за вработување, доставените лични податоци ќе ги чуваме и обработуваме за цели на вработувањето (работниот однос) согласно законските обврски.

Внесените лични податоци при пополнување на формуларот за соработка со KC HOME се обработуваат врз основа на дадена согласност и се чуваат до воспоставување на соработката или најдолго 3 месеци од денот на пополнување на формуларот.

9.5.4 Замена/враќање/докупување/самопревземање на роба

Потребно е да ги внесете следните податоци:

  • Трансакциска сметка

Овие податоци се обработуваат заради испонување на законска обврска да одговориме на Вашите барања за замена или враќање на купени производи и се чуваат во рок од 1 година од поднесено барање за замена или враќање на производ.

9.5.5 Рекламации

Доколку кај купен производ се појават одредени недостатоци, потребно е истите да ги пријавите, при што во овој случај ќе бидат обработени следните податоци:

  • Име и презиме
  • Податоци за контакт (телефонски број и е-маил)

Овие податоци се обработуваат заради исполнување на законска обврска за отстранување на евентуални недостатоци на купени производи и се чуваат во рок од 2 години од поднесената пријава за евентуален недостаток на производ.

9.6 Политика на колачиња – Cookies

Колачиња или “Cookies” се мали текстуални фајлови лоцирани на Вашиот уред за да собираат информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб-страната и употреба на веб-страната од страна на  корисниците.Овие податоци се користат за анализа и подобрување на техничката функционалност на нашата веб-страна заради обезбедување на персонализирана содржина на веб-страната, односно подобро да се одговори на индивидуалните потреби на корисниците. Колачињата се користат за нормално функционирање на одредени карактеристики на веб-страната што им го олеснува пристапот на корисниците до содржината.

9.7 Google Analytics

Оваа веб страна користи Google Analytics, услуга за веб-анализа на Google Inc. (во понатамошниот текст: ,,Google”). Google Analytics користи колачиња, односно текстуални датотеки што се зачувани на вашиот компјутер и кои ја олеснуваат анализата на употреба нa веб-страната. Информациите за вашата употреба на оваа веб-страна се испраќаат до сервер на Google во САД и се чуваат таму. Со поставување колаче Google може да ја анализира употребата на нашата веб страна.

Оваа веб-страна ги користи функциите на ремаркетинг на Google Analytics во комбинација со функциите на Google AdWords и Google DoubleClick, кои работат на сите уреди.

9.8 Видео надзор

На влезот на секој продажен објект има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот со кое се овозможува на посетителите да се запознаат со вршењето на видео надзорот, називот на Контролот и за начинот на кој може да добијат информации во врска со чувањето на снимките како и за правата на посетителите при вршење на видое наздор.

KC HOME собира лични податоци преку системот за видео надзор при посета на продажните објекти од следните причини:

– да се контролира пристапот до продажниот објект и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во објектот и постителите, како и имотот кој се наоѓа во деловните простории;

– за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и

– да се спречи, открие и да се испита кражба на средствата или опремата во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во продажните објекти (на пример пожар, физички напад).

Обработката на личните податоци преку системот за видео надзор се врши поради следните цели:

  • заштита на животот или здравјето на луѓето и
  • заштита на сопственоста.

Системот за видео надзор не се користи за ниту една друга цел. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. KC HOME собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

Камерите за видео надзор инсталирани во продажните објекти се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат во продажните објекти.

Личните податоци на посетителите се чуваат 30 календарски денови од посетата во нашите продажни обејкти, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.

9.9 Обврска за тајност и заштита на личните податоци

KC HOME ги користи податоците исклучиво за целите за кои се првично собрани, не ги открива личните податоци на трети лица, совен во случаите кога третите лица се јавуваат во својство на обработувачи на лични податоци (маркетинг агенции, даватели на аналитички и статистички услуги,  консултанти или соработници за исполнување на конкретни работи во име и за сметка на KC HOME) на кои им е потребно да ги знаат таквите податоци само во разумни рамки на доверените овластувања и законски ограничувања и истите не смеат да ги обработуваат за никакви други цели, ниту да ги доставуваат на трети лица.

Со исклучок, лични податоци може да бидат откриени единствено по барање на државни органи до степенот што се бара со закон или регулатива, под услов пред да се направи такво откривање потребно со закон, KC HOME ќе му даде на субјектот на лични податоци предходни информации за барањето и содржината на таквото откривање, како што е практично, под околностите.

9.10 Безбедност на обработка на личните податоци

Вашите лични податоци се обработуваат само на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци од случајно или незаконско уништување, губење, менување или неовластен пристап. KC HOME презема соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци. Сепак, без оглед на нашите напори за обезбедување максимална заштита на вашите податоци, ниту една веб-страна, мобилна апликација, база на податоци или систем не е целосно заштитена од безбедносните недостатоци во пренесувањето на податоци преку интернет. Вие можете да помогнете во обезбедување на безбедноста на вашите лични податоци преземајќи разумни чекори за заштита на личните податоци од неовластено откривање или злоупотреба.

9.11 Вашите права како субјекти на лични податоци

Субјектот на лични податоци има право:

  • да побара пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на лични податоци,
  • на приговор за обработката како и право на преносливост на податоците.
  • да побара повлекување на согласноста за давање на податоците.

За остварување на сите Ваши права кои се однесуваат на заштитата на лични податоци може да се обратите до офицерот за заштита на лични податоци на KC GROUP CORP. ДООЕЛ Скопје.

Офицер за заштита на лични податоци во KC GROUP CORP. ДООЕЛ Скопје

Ељмар ТАГИЕВ

e-mail: elmar.tagi@kchome.mk

Телефон за контакт: +389 70217313

9.12 Заштита на приватноста на малолетните лица

KC HOME не собира намерно никакви лични податоци од лица под 18 годишна возраст. Ако сте родител или законски старател кој открил дека Вашето малолетно дете обезбедило лични податоци преку нашата веб страна без Ваша согласност, можете да побарате од нас да ги отстраниме таквите неовластени информации со испраќање нa меил на следната меил адреса: support@kchome.mk.

9.13 Промена на политиката на приватност

KC HOME има право да врши промени на оваа Политика. Доколку се извршат одредени промени во Политиката на приватност, истите ќе бидат објавени на оваа веб страна. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката на приватност и дека е свесен за промените.

Барање за остварување на правата на субјектот на лични податоци

Барање за повлекување на согласност за обработка на лични податоци

Приговор на обработката на лични податоци

Барање за Агенцијата за заштита на личните податоци

Затвори
Затвори
Најави се
Затвори
Кошничка (0)

No products in the cart. No products in the cart.


Затвори