Preloader

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МЕБЕЛИТЕ ЗА БАЊА

За да гарантираме дека нашите производи за бањи можат да издржат секојдневна употреба, ги тестираме на многу начини. Квалитетна бања треба да одговара на Вашите потреби и очекувања. Изберете ги Вашите омилени производи од нашата серија за да создадете мирно место и да уживате во годините што доаѓаат.

Површините на мебелите за бања на Kaleceramica се направени од медијапан. Дрвото е природен материјал. Разликите во боја, структура, состав или мали јазли не се недостатоци во квалитетот, туку доказ за природниот состав на материјалот.

Површините на мебелот не треба да останат покриени со вода, ниту пак да бидат изложени на влага долго време. Површините на мебелот треба да се избришат со сува крпа. Сите површини имаат ограничена отпорност на УВ. Постојаната изложеност на УВ зраци може да води до побелување. Избегнете контакт со абразивни, наострени или остри предмети.

Хемикалиите како што се бои за коса, средства за бигор, ацетон, парфеми итн. треба да се отстрануваат од површините на мебелот.

Правилник за грижа на мебелот за бања

Чистење и грижа:
Не користете абразивни или кисели средства за чистење кои содржат растворувачи или мастени субстанци! Секогаш избришете со сува крпа! Ако користите средство за чистење, проверете на етикетата дали е соодветно за материјалот кој сакате да го исчистите. Тестирајте го производот на некое место што не е забележливо пред да го употребите. По секоја употреба препорачуваме да ги исчистите остатоците од сапун и да ја исчистите површината со мека, чиста крпа. Ова ќе помогне за да се зачува сјајот на Вашиот производ и ќе спречи создавање на отпечатоци од вода.

Оштетување:
Гребнатините на производите треба веднаш да се отстранат за да не се оштети дополнително површината.

Чистење на посебни површини

  • Избришете го мебелот во бањата со мека чиста крпа, натопена со малку млака вода и нејако средство за чистење на домаќинства (на пр. растворено средство за перење), со многу малку стискање.
  • Користете еленска кожа натопена во малку млака вода за да ги избришете огледалата. Аглите на огледалата избришете ги со сува крпа.
  • За површините од кожа и еко-кожа користете крпа од микрофибер натопена во малку млака вода.
  • Металните површини бришете ги со мека крпа натопена со малку млака вода и  нејако средство за чистење на домаќинства (на пр. растворено средство за перење).
  • Користете крпа од микрофибер и неабразивно средство за чистење површини од не’рѓосувачки челик за деловите од не’рѓосувачки челик. Испрскајте од средството на крпа и избришете го предметот.
  • Плочките од природен камен се импрегнирани и можат да се чистат на ист начин како мебелот.
  • Меките површини чистете ги со мека четка и средство за чистење домаќинства.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Многу е важно да има доволно вентилација во бањата за да се одржува квалитетот и изгледот на мебелот.

 

Затвори
Затвори

Најави се

Затвори

Кошничка (0)

Cart is empty Нема производи во кошничка.

KC HOME

Онлајн Продавница





Затвори