СОВЕТИ

Технички карактеристики

Керамичките производи, поседуваат ISO 9001:2000 систем на управување со квалитет, со

тоа што подните плочки се произведени согласно барањата за TS EN 14411 Group BI и

ѕидните плочки се произведени согласно барањата за TS EN 14411 Group BIII

ПРОСТОРИ И МЕСТА НА КОИ СЕ ПОСТАВУВААТ

КЕРАМИЧКИТЕ ПЛОЧКИ

Керамичките производи за покривање и обложување меѓу другото се користат за

покривање на внатрешни и надворешни ентериери, надворешни фасади, базени, јавни

простории, трговски центри и на многу други места.

Изборот на плочките треба да се врши зависно од местото каде ќе се користат

УПОТРЕБА НА ЅИДНИ И ПОДНИ ПЛОЧКИ ВО ВНАТРЕШНИ ЕНТЕРИЕРИ

Ако керамичките плочки се користат за поставување во внатрешни ентериери,

приизборот на ѕидни и подни плочки и декорот, треба да се внимава на технички

карактеристики како што се PEI вредноста, јачината, отпорноста на флеки, отпорноста на

хемикалии и погодноста за чистење.

УПОТРЕБА НА ЅИДНИ И ПОДНИ ПЛОЧКИ ВО НАДВОРЕШНИ ПРОСТОРИ

Плочките кои ќе се поставуваат во надворешни простори треба да бидат издржливи и

отпорни на ниски температури и замрзнување.Затоа тие треба да имаат карактеристика

на ниско ниво на впивливост на вода. Вакви каракеристики имаат порцеланот со глазура,

порцелан без глазура и клинкери изработени со калап.

УПОТРЕБА НА ПОДНИ ПЛОЧКИ ВО ЈАВНИ ПРОСТОРИИ

Плочките поставени на ваков вид простор се подложени на високо ниво на механичко и

хемиско влијание. За вакви простори треба да се изберат доста јаки плочки со

порцеланска база, отпорни на триење, флеки и хемикалии, со или без глазура.Посебно на

простори каде што од надвор директно се влегува внатре, треба добро да се размисли

пред да се изберат сјајни производи (плочки).Овој тип на плочки се подложни да

нечистотиите кои се внесуваат од надвор и многу бргу можат да избледат, односно да го

изгубат сјајот.Сјајните површини колку и да се попривлечни за окото од естетска гледна

точка, бргу избледуваат. Освен тоа, на ваков тип површини многу повеќе се воочливи

гребнатините и истриеноста.

УПОТРЕБА НА ПОДНИ ПЛОЧКИ ВО ПРОСТОРИИ СО ТРГОВСКА НАМЕНА

Керамичките плочки поставени во фабриките се подложени да големи тежини од

возилата и тешките машини. Освен тоа плочките се подложени и на механичко

притиснување врз површините, како последица на движењето на луѓето и машините  и

стварањето на прашина. Исто така познато е дека заради истурање на хемикалии на

површините и хемискиот притисок е голем. Со оглед на тоа што на површините

постојано има течни материи, со што се зголемува и ризикот од лизгање, многу важно е

да се превземат и мерки на претпазливост.Ако во фабриката се произведуваат

прехрамбени продукти, тогаш е јасно дека и хигиената игра многу голема улога.

Керамичките плочки кои ќе се користат во ваков тип простории, заради неопходноста од

високи механички карактеристики, треба да се full body и да бидат подебели заради

заштита од големи притисоци заради тежините.

НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА КОГА СЕ КУПУВААТ КЕРАМИЧКИ ПЛОЧКИ

  • Димензиите и шифри на бои на керамичките плочки се одштампани со штампач и

баркод.

  • Когакупувате керамички плочки од вашата продавница, побарајте да ви бидат дадени

кутии со плочки со исти димензии, шифра на боја, шифра на смена на боја и ист датум на

производство за сите плочки и уверете се дали се дадени според вашето барање.

  • Цифрите кои се гледаат од страните налепницата ја означуваат категоријата на

издржливост на триење на површината по Турските и Европските стандарди TS-EN ISO

10545-7 и се именуваат како P.E.I вреднодт. Просторите на кои се дефинирани различен

степен на отпорност на триење се категоризираат и се означуваат од 1 до 5. При

купување на производот внимавајте на P.E.I вредноста.

  • Разликата во изгледот на плочките од иста производствена партија (состав, боја, тон и

мотив) која претставува техничка карактеристика и се означува како CTDA вредност, се

наведува на кутиите со плочките.

V1= ИСТ ИЗГЛЕД: Секоја плочка има ист состав, боја, тон и мотив, со многу мали и

беззначајни разлики.